gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Амбасадата на Италија и католичката Бискупија во Скопје вечерва организираат Божиќен добротворен концерт за оргуљи во просториите на католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“.

Концертот ќе го одржи реномираната италијанска органистка со богато музичко искуство во и надвор од Италија, Валентина Лонго. Концертот ќе трае околу еден час, а потоа, во дворот на катедралата ќе се одржи добротворен базар со италијански продукти.

Приход од концертот ќе биде наменет за добротворни цели, поконкретно за активностите на СОС Детско Село - Македонија, здружение кое повеќе од десет години работи со дечиња сираци или пак деца од социјално најзагрозени семејства.

 

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode