gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Конзулатот на Република Хрватска во Република Македонија со седиште во Битола, вечер ќе биде домаќин и организатор на концертот на женската клапа „Мела“ од градчето Муртер.

Традиционалниот Божиќен концерт оваа година ќе го одржат реномираните членки на познатата клапа „Мела“, а во организацијата помогна и Македонско-хрватскиот центар „Марко Марулиќ“ од Битола, информираат од Kонзулатот во овој град.

Целовечерниот концерт на женска клапа „Мела“ ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, а ќе почне во 19:30 часот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode