gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Жељко Самарџиќ ќе одржи традиционален осмомартовски концерт во Комбанк Арена 8 март 2013 година во 20 часот и така ќе одбележи 40 години кариера во музиката.

Со синглот "Zaustavite januar" Жељко го најави новиот албум, кој ќе излезе во продажба во почетокот на февруари 2013 година, посетителите на концертот ќе можат песните од новиот албум да ги слушнат во живо во Комбанк Арената.

Жељко Самарџиќ досега има снимено 12 албуми, објавени од страна на реномирани издавачки куќи со тираж од над 2,7 милиони продадени примероци, што го прави еден од категоријата на високо побарувани пејачи.

Првиот голем солистички концерт го одржал во 1996 година во Сава Центарот во Белград и таа година три дена по ред била полна салата во Сава Центарот, и во текот на својата кариера во таа сала настапувал 36 пати.

За време на долгата кариера, Жељко Самарџиќ одржал концерти низ сите екс-југословенски простори од кои може да ја издвоиме Белградска арена (4 концерти), Загреб, Зеница, Скопје - Борис Трајковски, Сплит, а потоа Сараево во олимписката сала Зетра ... итн. Своите концерти ги одржувал во цела Европа и во Америка, Канада, Австралија .....

За традиционалниот осмомартовски концерт билети се пуштени во продажба на благајните во Комбанк Арената.

Цените се движат од 1.600, 2.400 и 2.800 динари.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode