Напишано од Eлена Понеделник, 14 Јануари 2013 18:31
Електропоп бенд кој ги одбележа златните години на југословенската музика сцена од осумдесеттите години, бендот Денис и Денис ќе настапат на 7 март 2013 година во Mikser House, каде што и ќе ја започнат регионалната турнеја.
Турнејата беше организирана по повод три децении од првиот настап, што го одржале во 1982 година.
Дуото Марина Перазиќ и Давор Тоља ќе настапат заедно за прв пат по дваесет и пет години, со поддршка на Еди Кралјица и Руби Колиќ, и после турнејата која ќе трае до крајот на летото 2013, оригиналниот состав веќе нема да настапува заедно.
Легендарните хитови како "Program tvog kompjutora", "Soba 23", "Ja sam lazljiva", "Cuvaj se" и "Voli me jos ovu noc" сигурно ќе се најдат на репертоарот, а концертот ќе биде вистинско доживување за сите љубители на овој музики жанр.
Ограничен број на места се достапни со почетна цена од 1300 денари за партер и само 100 билети за ВИП зоната на Mikser House по цена од 2600 динари, ќе бидат пуштени во продажба на 20-ти јануари.