gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Северина ќе настапи во "Комбанк Арена", на 30 Март и на тој начин ќе ги презентира новите песни од албумот, "Добредојдовте во клубот", кој неодамна излезе на продажба.

- Пред три и пол години, кога имав концерт, јас бев бремена и бев многу исплашена, не знаев колку Белград ги знае моите песни. Кога излезе албумот, "Аве Марија", помислив дека е време да се направи концерт во Арена. И, се сеќавам дека тогаш дојдов прилично скептична ... не знаев дали ќе ја знаат песната "Далматинка", која беше изведена 93-та или "Пријателица" од 98-ма година. Сепак, концертот помина одлично, и се сеќавам, по концертот, Томица (менаџерот), ме гушна и рече: "Тешко дека ова ќе го повториме".

Така што јас не помислам дека ќе имаме концерт повторно тука, но имав среќа што ги запознав Филип и Милош и почнавме да снимаме песни.

Всушност, среќа е кога ќе во животот, го правите тоа што го сакате, кога ќе го најдете она што го сакате, тогаш среќата е кога ќе се најдете некој што ќе плати за тоа - рекла Северина на шега.

Целиот концерт е многу добро замислен, нешто помеѓу театар и концерт, значи комбинација на сите видови на уметност и некако сите концентрирани на поп концерт кој ќе биде на 30-ти Март. Мислам дека тоа ќе биде слатко – рекла Севе..

На концертот, ќе бидат вклучени песни од новиот албум а за самиот албум и соработката со Севе, Филип и Милош изјавиле:

- Што се однесува до албумот, јас ќе истакнам дека луѓето генерално ги слушаат песните со побрзо темпо, но јас типувам на четири балади кои се навистина фантастични и Северина има една песна која е одлична и се вика "Ostavljena", и гледам дека публиката феноменално реагира на песната. Што се однесува до концертот, ќе се појавиме на сцената и ќе ја споделиме позитивната и креативната енергија што ја имавме во студиото во текот на снимањето. Покрај нашите песни, ќе има и некои што се преработени со нов аранжман, и ќе има многу изненадувања за публиката.

Како ексклузивна информација Ви објавуваме дека Севрина ќе настапува во Скопје на 13 Април во салата Борис Трајковски, и ќе имаме прилика да ги слушнеме песните од новиот албум во живо и ќе има уште многу изнезнадувања за публиката.


Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode