gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Детално истражување на 12 аспекти на модерниот живот, покажа дека мажите доживуваат повисоко ниво на среќа, односно дека се посреќни во однос на седум од нив, вклучувајќи физички изглед, плата и облик на телото.

Резултатите кај жените биле подобри во неколку области. Така се покажа дека жените се посреќни во поглед на семејниот живот, љубовта и во категоријата сексуален живот.

Она што охрабрува е податокот дека нивото на среќата кај возрасните испитаници генерално изнесувала 64 отсто.
Истражувањето го нарача Benednden Health, а во него се покажа дека просечните жени се среќни со своето здравје и место на живеење.

Останатите подрачја во кои мажите се посреќни во однос на жените се нивните шанси за кариера, потоа како другите гледаат на нив, финансиите и сигурноста на работното место.

Еден од интересните детали до кои се дојде со истражувањето е тоа дека луѓето мислат дека во животот би биле пооптимистични доколку партнерот им е поприврзан. Исто така, се покажа дека луѓето во брак се многу посреќни од самците или оние во вонбрачни врски. Сепак, и покрај тоа, петина од двојките рекле дека по венчавката се помалку оптимистични.

Истражувањето покажа дека постарите генерации се пооптимистични и на животот гледаат од поведрата страна отколку луѓето, на пример, во дваесетите години, како и тоа дека оптимизмот расте со текот на годините.
„Секако позитивниот став во животот создава пријатно чувство, што долгорочно е добро за нашето здравје, изјави Пол Кинен, еден од истражувачите во овој случај, пренесува Дејли меил.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box