Напишано од Надица Петок, 19 Април 2013 10:16
Изреката „не е проблемот во тебе, во мене е“ стана легендарна за сите оние кои на пристоен начин се обидуваат да ја прекинат врската.
Но, постојат уште неколку популарни изговори кои ги користиме кога сакаме да избегаме од врската која нас повеќе не не задоволува или ако воопшто сакаме да избегаме од некоја причина, а не сакаме да ја повредиме другата страни. И со нив не се користат само мажите, туку и жените, за кои често се заборава дека и тие оставаат.
Но, што таквите изговори навистина подразбираат?
1. „Не е проблемот во тебе, во мене е“
Како што и порано нагласивме, легендарен изговор кој го изговараме на крајот на заедничкиот пат со некој. Во превод: да, проблемот навистина е во мене, во тоа што (повеќе) не ми се допаѓаш. Нема скриени причини, па затоа и не треба да ги бараш.
2. „Мислам дека би требало да бидеме пријатели“
Дефинитивно тоа не го мислам, но непријатно ми е да те гледам во очи и да ти ја кажам вистината.
3. „Можеш да најдеш и подобро од мене“
Звучи како жртвување, за тебе да ти биде подобро, но во превод значи: „не ми е грижа дали можеш или не можеш, само битно за мене е да ме оставиш на мира. Во овој момент.
4.„Не сум подготвен за врска“
Само е премолчен делот „со тебе“.
5. „Извини, немам време“
Време секогаш се наоѓа за оние кои ни се важни, затоа што никој нема обврски по 24 часа. Кога се прекинува дотогаш интензивната комуникација, тоа е многу јасен знак дека на целата работа треба да се заборави. Без преиспитувања дали нешто погрешно сме кажале или направиле.
Последни објавени во оваа категорија
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- И името влијае на квалитетот на љубовниот живот
- Пет работи кои не сте ги знаеле за бакнувањето
- Изненадувачки и помалку бизарни факти за неверството и измамата
- Сузан Сарандон ја раскина врската со 30 години помладиот партнер
Најчитани во оваа категорија
- Како да знаете дека ТОЈ ВЕ САКА
- 10 квалитети кои мажите ги бараат кај жената
- Секси поза која ја сакаат 89% од мажите
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- Како функционира машкиот мозок: 3 тајни кои науката не ги објаснила