Напишано од Eлена Недела, 21 Април 2013 18:00
Без разлика дали станува збор за важни одлуки во вашиот живот или за малите нешта кои одамна сакате да ги направите, понекогаш е многу тешко да ги добиете.
Но, двоумењето нема да ве однесе до никаде, и затоа Ви нудиме три едноставни прашања што може да ве доведат до акција.
Дали би биле изненадени некој друг да го направи она што Вие сакате да го направите? - Ако одговорот е да, тогаш одлучете се и Вие конечно направете го она што го сакате. Ако одговорот е негативен, тогаш останете на исто место.
Што сакате да постигнете со оваа ситуација? - Ако се чувствувате дека правите нешто важно, дека ја извршувате својата мисија, побрзо ќе ја исполните својата цел.
Што би направил некој друг? - Веројатно на некој од вашите пријатели или познаници тајно им завидувате за храброста и смелоста. Запрашајте се што некој од нив би направил, бидејќи тоа ќе Ви помогне конечно и вие сами да се поттикнете.