gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Четвртото Балканско сениорско првенство во одбојка на песок, во машка и женска конкуренција „Скопје 2013“ од 25 до 27 јули ќе се одржи на Градската плажа „Парк“. Натпреварите ќе се одржуваат од 10 до 13 и од 17 до 22 часот, на двете игралиша за песок, а дополнително ќе има уште едно помошно одбојкарско игралиште.

Организатор е Одбојкарската федерација на Македонија, а покровител е Град Скопје. Овој турнир ќе биде во знакот на сеќавање на 50-години од скопскиот земјотрес.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната прес-конференција рече дека ова ќе биде можност да се видат најдобрите балкански натпреварувачи во одбојка на песок и ги повика скопјани да присуствуваат на натпреварите.

Од Македонија ќе настапат Јовица Симовски и Филип Деспотовски, Александар Милков и Влатко Трајчевски, а од жените Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска, а во текот на денот ќе се добие и вториот пар. Според него, фаворити се Бугарија, Србија и Турција.

Учесниците ќе пристигнат на 24 јули и ќе бидат сместени во хотел „Континентал“. Првпат годинава има награден фонд, 3.500 евра делба за првите три места во машка категорија и 3.500 евра во женска категорија. Од натпреварите ќе се врши директен пренос на МТВ.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode