gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

По повод патрониот празник 2-ри Август, Илинден, Општина Илинден на 25, 26, 27 и 28 јули годинава го организира традиционалниот Спортски викенд „Илинден 2013“.

Во рамки на Спортскиот викенд ќе се одржи професионална велосипедска трка во должина од 100 километри, велосипедска трка за рекреативци во должина од 5 километри, штафетна трка, како и турнири во голем фудбал, шах, тенис и кошарка.

Спортските активности ќе почнат со турнирите во голем фудбал кои ќе се играат на помошните фудбалски игралишта во н.м.Марино и н.м.Кадино на 25 јули (четврток) со почеток во 19 часот. Финалните и полуфиналните натпревари се во истиот термин во петок и сабота. Штафетната трка ќе се одржи на 26 јули (петок) во 18. Стартот на професионалната велосипедска трка што ќе се вози низ улиците на Општина Илинден, во должина од 100 километри, е закажан за 27 јули (сабота) во 16 часот.

Трката „Трофеј Илинден 2013“ е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за купот на нашата земја. Стартот и целта ќе бидат пред спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден. Како вовед во оваа професионална трка, во 15.30 часот на 27.07.2013 година ќе се одржи и рекреативна велосипедска трка на која ќе се натпреваруваат рекреативци од Општина Илинден, во должина од 5 километри.

Турнирот во шах ќе се реализира во Домот на култура „Илинден“ на 27.07.2013 со почеток во 10 часот и е поддржан од Шаховската федерација на Република Македонија, турнирот во кошарка е на 26 и 27 јули во Спортскиот комплекс Марино со почеток во 19 часот, додека тениските турнири поддржани од Тениската федерација на Македонија ќе се играат на тениските терени во населбата Илинден и ќе почнат на 27 јули во 09 часот. Финалните натпревари се во недела, на 28 јули во 10 часот.

Покровителот на Спортскиот викенд „Илинден 2013“, градоначалникот Жика Стојановски, на најдобрите екипи и поединци ќе им додели соодветни награди, пехари, медали, благодарници, дресови, спортски маици...

Сите заинтересирани рекреативци и спортисти своето учество на „Илинден 2013“ можат да го пријават на телефонскиот број 02/2571-703 или во спортската сала „Гоце Делчев“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode