gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Со натпреварот меѓу шампионот Вардар и куп победникот Тетекс в недела ќе биде отворена сезоната 2013/14 во македонскиот клупски фудбал.

Од таборот на двете екипи најавија борба за освојување на првиот трофеј во новата сезона, но со респектабилни изјави за противникот и претпазливост во изјавите.

Новиот предводник на тетовчани, Бојан Захариев беше умерен оптимист, шансите за победник ги оцени со 50-50 и додаде дека оптимизмот и реалноста не се секогаш исти.

На прес-конференцијата беа присутни и капитените на двете екипи.

Раденко Бојовиќ од Вардар побара неговите соиграчи да атакуваат на трите титули во новата сезона, бидејќи како што рече, Вардар е бренд мора секогаш целта да му биде освојување трофеи.

Капитенот на Тетекс Златко Ристов се согласи дека противникот има силен тим, но го нагласи и квалитетот на неговите соиграчи.

Суперкупот Вардар - Тетекс ќе се одигра в недела на „Филип Втори“ во Скопје со почеток од 20 часот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode