gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Дванаесет екипи од Македонија, Бугарија, Албанија и Косово учествуваат на седмото по ред Отворено првенство во одбојка на песок – Охрид 2013 што се одржува на окажата „Бафало“ во Охрид.

Турнирот беше отворен со натпреварите за рекреативни натпреварувачи и одбојкари до 20 години, додека професионалниот турнир ќе стартува утре и ќе трае до недела кога ќе се одржат и финалните средби.

Од страна на македонските екипи за највисок пласман се очекува да се борат тимовите на Дејан Симовски и Кристијан Ристевски во машка, и Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска во женска конкуренција.

Минатата година најуспешни во двете категории беа косовските екипи Никчи и Хусај односно двојката Ибраими – Јашари, кои и оваа година се пријавени на турнирот и ќе ги бранат ланските титули.

Финалните натпревари во двете категории ќе се играат в недела од 18 часот, а натпреварите ќе бидат пренесувани во живо на програмата на Македонската телевизија.

Паралелно со професионалниот турнир, викендов ќе се играат и натпреварите од компанискиот турнир

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode