gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Постојаниот британски амбасадор во Обединетите нации, Марк Грант, во името на земјата домаќин на Олимпијадата 2012, денеска во Њујорк ја предаде Олимписката штафета на претставникот на Бразил, земјата домаќин на ЛОИ 2016 година.

На свеченоста во Њујорк присуствуваше генералниот секретар на ООН Бан Ки-мун, како и бројни дипломати.

Во обраќањето до присутните Бан изрази уверување дека Бразил ќе биде успешен домаќин и додаде дека организацијата на престижниот спортски настан ќе придонесе за економскиот развој на Бразил.

Првиот човек на ООН рече дека предавањето на штафетата од рака на рака претставува симбол на мирот и соживотот.

Британскиот претставник Гранд потенцира дека ОИ во Лондон придонеле за спортскиот развој на милиони деца во различни држави во светот и дека го исполниле мотото за мир и солидарност меѓу различните народи.

Претставникот на Бразил, Мачадо изрази уверување дека Олимпијадата во Бразил ќе биде успешна спортска приказна и дека ќе биде поттик за економски просперитет на неговата држава.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode