gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Турција, Бугарија, Романија, Србија и Црна Гора ќе учествуваат на 46-то по ред отворено Балканско првенство во едрење – „Охрид 2013“, што од 4 до 7 септември ќе се одржува на Охридското Езеро.

Генералниот секретар на Едриличарската федерација на Македонија Иван Андреески на денешната прес-конференција појасни дека целиот настан ќе се одржува на две регатни полиња на Охридското Езеро, со дијаметар од 1,2 наутички милји.

Натпреварувачите и екипажите ќе се натпреваруваат во вкупно седум класи и тоа „Оптимист“, „Ласер стандард“, „Ласер 4,7“, „Ласер радијал“, „470“, „Фин“ и даски за едрење.

Македонската репрезентација на Балканијадата во Охрид ќе ја сочинуваат 24 натпреварувачи и екипажи, од кои 14 се најмладите во класата „Оптимист“, четворица во класата „Ласер 4,7“, двајца учесници во „Ласер стандард“ и две екипи во класата „двосед 470“, по една во машка и една во женска кон конкуренција.

Предвидено е одржување на три натпреварувања дневно, а стартот на трките ќе биде одреден зависно временските услови, појасни Пинар Ѓенч, главен судија на Балканското првенство.

На отворениот балкански шампионат нема да има учесници од Република Грција кои иако поканети не испратија свои едриличари во Охрид.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode