gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски е добитник на Осмосептемвриската награда за Животно дело во областа на спортот, беше соопштено на денешната прес-конференција во просториите на Агенцијата за млади и спорт.

Претседателот на Одборот за доделување на наградите Зоран Радиќ соопшти дека Докузовски беше едногласно избран во конкуренција на пет кандидати.

Носители на државната награда за спорт „8 Септември“ се Зоран Михајлов - спортски новинар, Живко Дуковски - боксерски работник, Златко Кецковски - Кендо и Иаидо и Мирко Петревски - билдер.  За четирите државни награди апликации пристигнале од деветмина кандидати.

Ова е втора година по ред како се доделуваат Осмосептемвриските награди за спорт.
Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени в недела на 8 Септември на Денот на независноста во Владата на Република Македонија.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode