gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург попладнево го играат натпреварот од 2.коло од регионалната СЕХА лига.

Македонскиот тим вчеравечер пристигна во Подгорица каде ќе се игра натпреварот, бидејќи салата на Цетиње се уште не е комплетно реновирана за натпреварите од СЕХА лигата.

Металург вчера одржа и еден тренинг.

Во рамките на првото коло Ловќен го победи Борац во Бања Лука со 33:26, додека Металург одигра нерешено со Вардар 28:28.

Натпреварот Ловќен - Металург се игра во 18 часот, а ќе го судат Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица од Хрватска.

Вториот наш претставник во ова натпреварување, шампионот Вардар во сабота во СРЦ „Кале“ од 18 часот ќе игра со белградски Партизан.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode