gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) до УЕФА испратила кандидатура градот Скопје со Националната Арена „Филип Втори“ да биде еден од домаќините на Европското првенство кое во 2020 година треба да се одржи во 13 градови, објавија неколку македонски медиуми.

Со оваа кандидатура Македонија станува една од 24 држави кои аплицирале за организација на еврошампионатот, а имињата на градовите кои аплицирале да бидат дел од ЕУРО 2020, УЕФА ќе ги објави наскоро.

Конечната одлука ќе биде донесена идната година, а евентуалното вклучување на Скопје во „среќната 13“ ќе значи одигрување на натпревари од групната фаза, бидејќи капацитетот на стадионот не ги исполнува барањата на УЕФА за организација на дуели од елиминациската фаза.

Апликација за добивање организација до сега имаат поднесено повеќе европски градови, меѓу кои и соседните метрополи Софија, Белград и Атина.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode