gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ако сакате да си помогнете себеси, кога станува збор за работа, тогаш ќе мора прво да поработите на себе си на вашиот однос кон работата.

Три работи кои мора да ги имате во предвид кога станува збор за работа се ефикасност, среќа и финансиската одржливост.

Ефикасноста може да значи и помагање на лице со кого работите. Вие треба секогаш треба да имате на ум дека ефектот треба да биде позитивен. Пред се Вие треба да бидете оние кои ќе имаат позитивно влијание врз другите луѓе кои работат во истата компанија. Понекогаш доволно е само да обрнете малку внимание кога некој зборува и тогаш може да имате влијание врз личноста. Вие само треба да се обидете да имате позитивно влијание врз другите луѓе и да направите напор да им служите на другите.

Луѓето генерално поголемиот дел од своето време го поминуваат на работа. Па зошто да не ја искористите предноста и тоа време да бидете среќни ? За да ​​бидете среќни мора прво да знаете што би сакале да работите, што ве возбудува, предизвикува и што ве интересира, затоа што на овој начин може да си помогнете себе си да бидете среќни.

Луѓето генерално работат за да заработат за основните животни потреби. Значи, кога сте во потрага по работа, најверојатно, обрнувате внимание на тоа колку ќе земете плата и дали ќе бидете во можност да ги покриете сите ваши трошоци и животни потреби. Деловните одлуки, повеќето луѓе ги базираат на фактот дека парите носат повеќе среќа, но и ефикасност. Сепак, запрашајте се дали тоа е навистина така.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box