gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Доколку немате растение на работната маса, време е да го набавите, бидејќи тоа може да ви помогне да напредувате на работа.

Најновото истражување покажува дека растенијата во канцеларија можат на вработените да им помогнат да бидат покреативни и попродуктивни, што води кон напредување.

Експертите кои го правеле истражувањето укажуваат дека продуктивноста на оние вработени кои имаат растение се зголемува за 47 отсто.

Истражувањето на Универзитетот Ексетер во Велика Британија е само уште едно во низата на оние кои потврдуваат дека растенијата во просторот на луѓето им носат само добробит.

- Уште од претходно знаеме дека добро уредениот деловен простор го подобрува здравјето, чувството на среќа и продуктивноста. Отидовме чекор понатаму и сега знаеме дека важна улога во тоа имаат и растенијата.

Иако не мое точно да се каже поради што тоа е така, верувам дека има врска со тоа дека луѓето се чувствуваат поопуштено во просторот каде се наоѓа нешто што расте и се развива, објаснува психологот Крег Најт.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box