gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

1) Помалку настинки
Една американска студија откри дека луѓето со повеќе друштвени врски помалку ги фаќа настинска. Кога истражувачите им дале на ичесниците во нос да капнуваат капки кои содржат вирус, откриле дека оние кои имаат шест и повеќе друштвени контакти, четири пати помалку се разболуваат од оние кои имаат еден до три пријатели.
 
2) Помалку стрес  
Истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон го мериле нивото на кортизол кај учесниците во истражување само 30 минути од будењето. На тој начин откриле дека нивото на кортизол кај осамените луѓе е повисок за 201% отколку кај оние со многу пријатели.
 
3) Подобро когнитивно здравје  
Дружењето го вежба умот: според една студија, колку почесто разговараме со други луѓе, подобри сме на когнитивните тестови. Покрај тоа, откриено е дека кај постарите жени кои еднаш дневно се гледаат со пријателите, ризикот од развивање на деменција се намалува за 43% во споредба со оние кои само еднаш неделно комуницираат со пријателите. Тоа може да биде затоа што друштвените интеракции помагаат при оформување на синаптички врски, па така ја спрелуваат деменцијата.   
 
4) Понизок крвен притисок  
Луѓето со хипертензија кои се отвораат на пријателите, подобро ја држат својата состојба под конторла, велат истражувачи. Во една друга студија која ги проучувала луѓето четири години, откриено е дека оние со најмногу контакти имаат најдобар крвен притисок.
 
5) Подобар сон 
Во една американска студија истражувачите го набљудувале начинот на спиење кај учениците на колеџот. Откриено е дека оние кои имаат многу пријатели заспиваат 14 минути порано отколку оние кои имаат помалку пријатели или ги немаат воопшто.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box