gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Хидратација на телото
Ако немате навика да пиете доволно вода, јадете ладни краставици, затоа што содржат дури 90% вода.

Елиминираат токсини
Водата од краставиците делува како прочистувач на организмот, а ако ги јадете редовно ќе Ви помогнат да се ослободите од камен во бубрегот.

Дневна доза витамини
Краставиците содржат доста витамини. Го придвижува имунолошкиот систем и дава енергија. Не ја тргајте лушпата од краставицата, затоа што таа е богата со витамин Ц и задоволува 12% од дневните потреби за овој витамин. 

Одлична за кожа
Краставицата е богата со калиум, магнезиум и силициум. Затоа бањите нудат голем број третмани во кои краставиците имаат главна улога.

За варење и слабеење
Поради високото учество на вода и малку калории ова е супернамирница за сите кои имаат проблеми со варење и вишокот килограми. Краставиците нека станат составен дел од Вашите оброци – од нив можете да направите чорба или да ги јадете како салата. Џвакањето на краставицата е добро и за тренинг на вилицата, а поради влакната кои ги содржат одлична е и за желудникот. Ако ја јадете секој ден, ќе помогне и кај хронична опстипација. 

Го регулира крвниот притисок
Краставиците содржат многу влакна, калиум и магнезиум кои го регулираат крвниот притисок. Затоа краставицата е добра за регулирање и на високиот и на нискиот притисок.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box