gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Кој не го сака одењето на море? Морскиот воздух и вода се навистина добри како за нашата душа така и за нашето тело.

Морската вода содржи витални елементи

Морето ги содржи сите елементи важни за нашите животи - натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум, сребро, па дури и злато. Морската вода продира длабоко во кожата и обезбедува делување на минералите и елементите во трагови. Морето исто така, содржи алги кои се богати со минерални материи. Алгите долго време се сметаат за извор на здравје и убавина. Стимулираат обновување на клетките, подобрување на изгледот на кожата, го стимулира метаболизмот, подобрување на имунитетот, спречува инфекции, помага во чистење на кожата и помага во отстранување на целулитот.

Морето има благотворно дејство врз астма и алергија

Морската сол има антисептички својства и антихистаминици, која е од корист кај кожните алергиски реакции. Светската педијатриска болница веќе многу години успешно ги користи бањите со морска сол за лекување и ублажување на алергии. Свежиот морски воздух, заситен со негативни јони, го прави дишење полесно и благотворно влијае врз луѓето кои страдаат од астма.

Со сончање го снабдуваме телото со витамин Д

Сончањето ни носи не само убав тен, туку и не снабдува со витамин Д кој е многу потребен во нашето тело. Неодамнешното истражување сугерира дека тој игра клучна улога во спречување на многу болести, вклучувајќи мултиплекс склероза и рак. За да добиете витамин Д не мора да се сончате во најголемата топлина. За сончање изберете ги доцните утрински или вечерни часови. Имајте на ум дека кремите за сончање ја спречуваат можноста кожата да произведе витамин Д. Сепак на јакото сонце во периодот од 11 до 16 часот е пожелно да бидете намачкани со заштитен фактор.

Одморот на море ве ослободува од стресот

Што уште има таков релаксирачки ефект како сонцето, лаганото ветре и брановите? Летување на море ни нуди шанса да заборавиме на секојдневните проблеми и целосно да се опуштиме. Магнезиумот, кој морската вода го содржи во висок процент има докажан ефект против стресот.

Ако не можете да одите на море

Одличен одмор може да испланирате дури и дома. Прошетка во шумата, вежбање, сончајте се, пливајте во река или езеро, избегнете го стресот, оставете ги телевизорот, мобилниот телефон, компјутерот и видео игрите, земете ја од вашата полица, омилената книга - читајте! Дозволете си себеси да спиете повеќе од вообичаено, обезбедете си морска сол дома направете си купка од морска сол.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box