gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Компромисот е одличен начин за решавање на многу од проблемите во врската. Но, додека за некои работи може да преговарате, некои едноставно мора да се подразбираат.

Ние ги откриваме за вас работите кои не се за компромис.

Почит - Немојте да трошите време на мажи кои не Ве почитуваат. Ако го цените, мора и тој да Ве цени и не треба да се согласите на нешто помалку од тоа.

Доверба - Недостаток на доверба ќе го уништи било кој однос. Довербата се заслужува и одржува. Ако тој веќе неколку пати ве изневерил, не заслужува уште една шанса. Наместо да губите време на некој кој Ве лаже, побарајте човек кој ќе ја заслужи и ќе ја цени вашата доверба.

Сигурност - Со вистинскиот човек ќе се чувствувате сигурно во сите ситуации. Ако не може да сметате на него, тешко ќе биде да планирате заедничка иднина.

Финансиска поддршка - Не треба да имате апсолутен пристап до финансиски средства на другиот, но треба да се поддржувате. Ако работите и заработувате за себе, вие заслужувате човек кој го прави истото. Човек на кој воопшто не му е срам да не прави ништо, туку пари бесрамно зема од вас не е за сериозна врска.

Внимание - Некој кој не ви посветува внимание колку што заслужувате не вреди за вашето време. Ако постојано очекува од вас да се трудите, а тој воопшто не го прави тоа, заменете  го со некој кој ќе знае да ви возврати со иста мера.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box