gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Македонската кадетска ракометна репрезентација денеска во рамките на 2.коло од Европското првенство во Полска за противник ја има селекцијата на Шпанија.

Избраниците на селекторот Александар Јовиќ по вчерашниот минимален пораз (30:31) од Русија ќе имаат нов тежок натпревар, бидејќи Шпанија вчера на стартот славеше над Данска (27:25).

Во таборот на нашата репрезентација очекуваат дека грешките направени во дуелот со Русија треба да бидат корегирани и да се освојат првите бодови.

Почетокот на натпреварот е во 13 часот.

Во вториот натпревар од оваа рунда играат Данска и Русија.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode