gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Првиот ден на Отвореното првенство на САД во тенис (УС Опен) мина без поголеми изненадувања и победи на фаворитите, иако некои од нив имаа тешка работа.

Најдобриот светски играч Новак Ѓоковиќ го совлада Диего Шварцман со 3:0 во сетови. Енди Мареј славеше со 3:1 над Робин Хасе, додека со истиот резултат и Жо Вилфред Цонга го победи Хуан Монако. Победи од 3:0 постигнаа и Стан Вавринка и Милош Раониќ.

На женскиот дел од турнирот Марија Шарапова триумфираше со 2:0 во сетови, додека пласман во следната рунда со истиот резултат обезбедија Јелена Јанковиќ, Роберта Винчи, Сара Ерани. Победа од 2:1 во сетови остварија Венус Вилијамс, Анџелика Кербер, додека Каролине Возниацки ќе игра во второто коло откако противничката Магдалена Рибарикова при резултат 1:1 во сетови го предаде мечот.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode