gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Деловната облека треба да се разликува од облеката за слободно време, затоа што во фирмата сакаме да оставиме поинаков впечаток од спортските терени или ноќен клуб. За работа обично бираме посериозни бои кои оставаат впечаток на одговорност.

Кои се боите кои жените најчесто ги бираат за деловен "look"?

- Смеѓа -

Ова е неутрална боја. Делува многу професионално, добро се комбинира и одлично одговара со накит во сите бои.

 - Тегет -

Темно сината боја може да звучи досадно, меѓутоа погледнете ги внимателно жените во фирмите ќе забележите колку е популарна.Тегет бојата остава силен впечаток и делува прилично сериозно.

- Бела -

Можеби целосен изглед во бела боја не е вообичаен, меѓутоа кошули и маички во бела боја се одличен избор. Белата боја делува уредно, професионално и одлучно.

 - Црна -

Црната е најблагодарна боја затоа што на неа не се познаваат никакви флеки. Сепак кога се работи за црна боја треба да се биде внимателен со изборот на ткаенина и да се бира само квалитетна црна облека, затоа што на црната облека се забележуваат сите мали ситни прашинки.

- Крем -

Крем бојата зрачи со самодоверба и едноставност. Во крем бојата можете да делувате самоуверено и професионално, а истовремено и личност со која може лесно да се комуницира.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box