gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Есента што ни претстои ќе биде обележана со истакнати усни и нијанси на црвена боја.

Ниту дождот ниту мрачното време не може да го симне сјајот на црвените усни! Тие се вашиот заштитен знак и најдобриот детал во сезоната пред нас.

За оние кои сакаат да се потсетат на летото има корални тонови, проверените заводнички ќе пробаат нијанси на крв црвена, додека дамите ќе гравитираат кон потемни нијанси на готски стил.

Со оглед на тоа што есента ни носи нешто посмирени бои на облека, црвените усни се најдобар начин за да се потенцира расположението и се разбие монотонијата.

Трендот на црвени усни никогаш не излегува од мода, но оваа сезона се дозволени сите видови на нијанси кои можат да се комбинираат со различни стилови на облека.

Ако не сте сигурни која нијанса да ја изберете за себе, држете се до докажани правила - на русокосите и жените со посветла кожа подобро им одговараат корални нијанси, додека жените со темна кожа можат да се одлучат за нијанси на црвена, од вино црвено да најтемните нијанси.

Уживајте во потрага по својот омилен црвен кармин и бидете во тренд оваа есен!

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box