Напишано од Eлена Понеделник, 08 Мај 2017 00:00
Некои жени благодарение на генетиката имаат чиста и сјајна кожа која бара само основна грижа за да изгледа беспрекорна. За жал, има многу повеќе кои треба поинтензивно и внимателно да се грижат за кожата за да бидат среќни со нејзиниот изглед.
Ви претставуваме десет чекори што треба да ги почитувате и следите за вашата кожа да биде здрава, нежна и сјајна.
1. Пијте многу вода
2. Хранете се здраво, јадете помалку црвено месо и повеќе овошје и зеленчук
3. Престанете да пушите и да пиете алкохол (или барем намалете)
4. Избегнувајте стрес колку што е можно
5 Немојте да се туширате со топла вода
6. Изберете внимателно гелови за туширање (изберете производи за негување и со хидрантни својства)
7. Редовно хидрајте ја кожата со креми и лосиони
8. Спијте доволно
9. Заштитете се од сонцето (без оглед на годишното време)
10. Носете памучна облека секогаш кога е можно