Напишано од Надица Петок, 24 Октомври 2014 09:55
Ракометарите на Вардар вечер го играат осмиот натпревар од регионалната СЕХА лига. Во Скопје гостува незгодниот ривал за „црвено-црните“ словачкиот првак Татран Прешов. Оваа екипа има остварено две победи на трите дуели одиграни во Скопје.
Вардар со триумф ќе остане веднаш зад лидерот Веспрем, додека Татран се наоѓа на третата позиција на табелата.
Почетокот на натпреварот е во 20:15 часот, а се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Утре во рамките на СЕХА лигата ќе се одиграат уште три натпревари, а потоа ќе има пауза поради натпревари на репрезентациите. Македонскиот првак Металург е домаќин на Борац Бања Лука, Загреб го пречекува Раднички, а Војводина ќе игра со Нексе.
Табела: Веспрем 21 бод, Вардар 18, Татран Прешов 12, Мешков Брест 12, Загреб 9, Металург 9, Раднички 4, Борац 4,Нексе 3, Војводина 2