Напишано од Eлена Среда, 12 Ноември 2014 00:11
Дали сте знаеле дека се што Ви е потребно за убава и сјајна коса се наоѓа во вашата кујна?
Ние ви споделуваме два едноставни рецепти за маски кои ќе ја опорават косата, ќе го стимулираат растот на косата и ќе го обезбедат нејзиниот сјај!
Маска од банани
Измешајте две испасирани банани, жолчка од јајце и лажица сок од лимон. Нанесете ја смесата на косата, а потоа завиткајте ја главата со пластична кеса и пешкир.
Оставете ја да делува 30-40 минути, а потоа исплакнете ја.
Маска од портокал
Измешајте една чаша сок од портокал со чаша јогурт. Нанесете ја смесата на косата, завиткајте ја главата со пластична кеса и пешкир.
Оставете ја да делува 30-40 минути и исплакнете ја темелно.
Последни објавени во оваа категорија
- Бел фустан – задолжителен ова лето
- Второ издание на Fashion & Lifestyle Expo
- Златни правила за негување на кожата во текот на зимата
- Манекенка од Индонезија прогласена за топ модел на Азија во 2015
- Викторија Бекам ги отстрани тетоважите затоа што и пречат во работата
- Носат најскапи фустани и притоа заработуваат милиони