gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Осум натпревари во три групи од 4.коло ќе се одиграат вечерва од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 (ЕУРО 2016).

Во Белград кај Србија гостува Данска, а овој натпревар ќе се одигра без присуство на публика поради инцидентот на дуелот Србија – Албанија. За одбележување е и натпреварот на светскиот првак Германија со дебитантот во квалификациите Гибралтар.

Распоред на вечерашните натпревари:
Д група: Грузија – Полска, Германија – Гибралтар, Шкотска – Република Ирска.
Табела: Полска 7 бодови, Република Ирска 7, Германија 4, Шкотска 4, Грузија 3, Гибралтар 0.
Ф група: Грција – Фарски Острови, Унгарија – Финска, Романија – Северна Ирска.
Табела: Северна Ирска 9, Романија 7, Финска 4, Унгарија 4, Грција 1, Фарски Острови 0.
И група: Португалија – Ерменија, Србија – Данска. Слободна е Албанија.
Табела: Данска 4, Албанија4, Португалија 3, Србија 1, Ерменија 1.

Утре Македонија е домаќин на селекцијата на Словачка, а покрај овој натпревар ќе се играат и дуелите од другите шест групи в сабота и в недела.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode