Напишано од Надица Среда, 03 Декември 2014 10:07
Знаеме дека актерите минуваат низ голем број процедури на разубавување, како пластични операции и напредна техника на шминкање што лицата ги прави помлади, телата послаби,а недостатоците невидливи.
Но, постои уште една техника која Холивуд ја крие со години, а сега конечно излезе на виделина благодарејќи на новинар од порталот „Мешабл“, кој разговарал со еден од пионерите на оваа технологија.
Имено, не се работи за шминка, туку за посебна дигитална обработка на шминката во постпродукцијата. Техниката се вика „Бјути ворк“ и го прави тоа што Фотошоп го прави со фотографиите.
Со оваа техника ликовите можат да се променат, дури и до граница на непрепознавање. Тоа со други зборови значи дека „технички“ со часови се поправа изгледот на филмот, се корегираат сликите во движење, се разубавуваат кожата, косата и забите на актерите и се отстрануваа брчките и разните други „вишоци“.
- Сите се разубавени. Понекогаш затоа што така сакаат тие самите, а понекогаш затоа што тоа го бара улогата. Тоа се користи, кога на пример повозрасна актерка игра улога на тинејџерка или во филмот во кој Бред Пит го играше Бенџамин Бaтон, каде беше и момче и старец, објасни Клаус Ханси. кој ја обелодени оваа посебна техника.
Последни објавени во оваа категорија
- Бел фустан – задолжителен ова лето
- Второ издание на Fashion & Lifestyle Expo
- Златни правила за негување на кожата во текот на зимата
- Манекенка од Индонезија прогласена за топ модел на Азија во 2015
- Викторија Бекам ги отстрани тетоважите затоа што и пречат во работата
- Носат најскапи фустани и притоа заработуваат милиони