gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

За повеќето двојки, заедничкиот живот е почеток на посериозен однос. Иако заедничкиот живот може да звучи многу романтично, тој често е повод и за бројни кавги и проблеми.

Двојките поради нередот во станот во просек се караат 32 пати годишно, односно секои 11 дена, пренесува Дејли Меил, повикувајќи се на британско истражување, спроведено на примерок од 2000 лица. Според ова истражување, на партнерот или партнерката најмногу се забележува чувањето непотребни работи.

Така жените на мажите најчесто им приговараат за чување на опремата за фитнес-центар иако веќе долго време не ја користат, потоа што чуваат расипана техника и непотребен алат.

Од друга страна, мажите забележуваат тоа што жените прават купови од облека, предмети за домаќинството и дребулии кои не служат за ништо.

Поради честите кавги и неможноста да се најде компромис, дури десет отсто од двојките одлучуваат да ја прекинат врската.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box