gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

По пеплум стилот, овие модели на здолништа го освоија светот на модата.

Плисиранито здолниште со средна должина веќе некое време се наоѓа на насловните страници на многу модни списанија и колумни, и ние Ви откриваме како најлесно да ги искомбинирате.

Средната должина е благодарна, затоа што таа може да се комбинира како со салонки, така и со високи и полу длабоки чизми, и од останатите парчиња облека ќе ја одредите крајната цел.

Познато е дека новите модни трендови нагласуваат комбинација со различни модни стилови! Се додека стилската анархија владее, речиси и не може да погрешите.

Без разлика дали се работи за покрути или полесни материјали овие кроеви на здолништа одговараат речиси на секој облик на тело бидејќи го истакнуваат струкот и го покриваат неблагодарниот регион на женското тело.

Може да се комбинираат со кошули, макси или мини џемпери, ролки... на вас е да изберете и да се впуштите во модната авантура.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box