gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Тврдите, суви и испукани пети доведуваат до многу непријатни моменти. Но, обична сода бикарбона, која има антисептичко дејство, ја омекнува водата и благотворно делува на кожата на петите на ногите. Ефтино е и многу ефикасно средство за пилинг на огрубената кожа. Со нејзина помош, може да се дојде до ефект на мазни и нежни стапала, без посета на салоните за убавина.

За да ја омекнете огрубената кожа на петите и го вратите убавиот изглед на своите стапала, може да Ви помогне овој едноставен рецепт:

За оваа постапка потребно е 3 лажици сода бокарбона и 4-5 литри вода. Сода бикарбоната се раствара во топла вода, во неа стапалата стојат 15 до 20 минути. После тоа, стапалата се тријат со камен за пети и се мачкаат со хранлива крема или вазелин (ако петите се многу испукани), се облекуваат памучни чорапи и така треба да помине една ноќ.

Одма, после првиот ден се гледа разлика во изгледот на вашите стапала.

Овој третман, треба секојдневно да се направи 5-7 дена. Потоа, се прави пауза од 7 дена, па се повторува постапката. Повторно се прави пауза од 7 дена и се повторува уште еднаш. Вкупно 3 третмана.

3-те третмани ќе го донесат посакуваниот ефект на мазен и нежен изглед на вашите стапала.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box