Напишано од Eлена Петок, 06 Март 2015 15:28
Љубовта не е ниту математика, ниту филозофија, но постојат некои прашања кои ќе ви дадат одговор на едно големо и битно прашање, дали ќе функционирате како пар и дали сте створени еден за друг.
На првиот состанок често сме под влијание на хормоните и првата залуденост, која порано или подоцна има неубав крај.
За да пробате да го избегнете тоа и времето да го подарите на личноста од која ќе добиете најмногу – обавезно низ разговор потрудете се да ги поставите следните десет прашања.
Освен што ќе ги откриете неговите ставови и животни вредности, овие прашања ќе ви откријат колку сте слични и сакате исти работи во животот.
1.Што те насмејува до солзи и кога тоа последен пат си го доживеал?
2.Кога би можел да купиш едносмерна карта за било која дестинација во светот, за каде би била и зошто?
3.Кога би морал сега да измислиш надимок за мене, кој би бил ?
4.После неколку чаши вино, ќе станеш среќен или тажен?
5.Кога последен пат си глумел дека нешто ти е смешно, а воопшто не ти било смешно. Зошто си го направил тоа?
6.Каде се гледаш со 73 години?
7.Што би направил кога малку повеќе би се здебелила?
8.Што најмногу сакаш кај жените?
9.Кои се твоите топ три сексуални фантазии?
10.Што сакаш кај себе?