gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Тим Бартон ќе го режира играниот римејк на класикот на Дизни „Дамбо“.
Бартон, кој фасцинацијата оживувањето на анимираните филмови на Дизни ја започна во 2010 година со „Алиса во земјата на чудата“, ќе соработува со сценаристот на „Трансформерс“, Ирена Кругер.

Филмот е во почетна на фаза на продукција, но се очекува комбинирање на CGI ефекти и акција во живо. Сценариото на Кругер ќе додаде единствена семејна приказна која ќе го продолжи филмот, кој во оригинал трае еден час.
„Дамбо“ е приказна за млад циркуски слон Џамбо помладиот кој го задеваат заради големите уши се додека на научи да лета со нивна помош. Филмот доби Оскар за музика, но од модерните критичари е нападнат заради расните стереотипи во претсавувањето бандата гаврани.

По „Алиса“, Дизни на кино благајните уживаше во успесите на „Оз голем и моќен“, „Грдана“ и сега „Пепелашка“, на Канет Брана. Студиото веќе за наредната година најави играни римејкови на „Книга за џунглата“ и продолжение на „Алиса“, а во 2017 година во кината стигнува „Убавицата и ѕверот“ со Ема Вотстон и Ден Стивенсон.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode