gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Лани во октомври беа објавени фотографии од една премиера на кои актерката Рене Зелвегер не личеше на себе.
Нејзиниот тогашен нов лик стана тема за која се расправаше со денови, а некои магазини дури пренесува мислење на естетски хирурзи кои анализраа што се 45-годишната Рене променила на своето лице.

По ова се огласи и самата Зелвегер која изјави дека и е драго што луѓето мислат оти изгледа поинаку.
- Живеам поинаков и среќен живот, кој ме исполнува. Задовиолна сум и тоа може да се види, изјави тогаш Рене, оценувајќи ги како „глупави“ тврдењата дека се подложила на пластична операција.

Но, деновиве актерката се појави на Неделата на модата во Париз на модна ревија на „Миу Миу“, каде повеќе личеше на „старата“ Рене, пред промените во октомври.

Злобниицте на најновата промена на Рене само прокоментираа оти се надеваат дека ова не значи оти актерката повеќе не живее среќен живот што ја исполнува.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode