gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Како се менуваат модните трендови на облеката, така се менуваат и на флизурата.

Какви трендови стилистите предвиделе за оваа пролет, ви откриваме во продолжение.

Украси за коса

Интересни и откачени модни додатоци за коса, од обичен реп или пунџа, ќе направат права разиграна флизура. Големите шноли, обрачите за коса со интересни детали или некој друг моден додаток - би бил одличерн избор за свечени, но и едноставни комбинации.

Големи пунџи

Некои се строго залижани, некои разбушавени, некои врзани во облик на срце - каква и да е пунџата која ја носите, треба да знаете дека моментално е во тренд и дека со неа може да си поиграте и заврзете како сакате. Што пооригинално – тоа подобро.

Плетенки

Плетенките не ги освоиле само улиците, туку и црвениот тепих. Ги имаме гледано на модните писти, на премиери, улици и на бројни модни блогови. На трагата на бохо стилот, зависно од остатокот од комбинацијата – плетенките се ултимативен сезонски хит.

Долг коњски реп

Коњскиот реп, оваа пролет се спушта. Врзан со прамен од коса или обично ластиче, коњскиот реп оваа пролет би требало да биде што пониско. Се носи со елегантни или едноставни модни комбинации.

Бохо коврџи

Фризурата, како да сте станале од кревет, на прв поглед сосем едноставна и природна – често пати е и добро осмислена. Бохо коврџите би им се допаднале на сите  обожаватели  на едноставниот стил.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box