gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Филмот „Roar“, кои многумина со добра причина го сметаат за „најопасен“ филм снимен досега, повторно ќе се прикажува, засега само во американските кина, и тоа веќе од следниот месец, јави „Дејли Мејл“.

Главни протагонисти на филмот снимен во 1981 година, се Ноел Маршал и Типи Хедрен, брачна двојка која со нивните деца живее на имот заедно со уште 150 диви животни, меѓу кои има и лавови.

Идејата за снимање на ваква филмска приказна била на Маршал и неговата сопруга, откако во нивниот дом во Лос Анџелес почнале да чуваат лав.

Авторите на филмот велат дека ниту едно животно на никаков начин не било повредено во текот на снимањето, но тоа не може да се каже и за членовите на екипата која учествувала на снимањето, вклучувајќи ги и актерите.

Меѓу нив е и Мелани Грифит, која поради повреди на снимањето морала да се подложи на пластична операција на лицето. Меѓу 70 повредени членови на актерската и продуцентската екипа бил и снимателот  Јан де Бонт, кој „заработил“ 220 конци откако бил нападнат од еден од лавовите.

Поената на овој бизарен потфат наводно била да се привлече вниманието на јавноста на проблемот со загрозување на дивите животни.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode