gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Заради природата на својата работа Амал Клуни до сега е гледана во префинети модни комбинации, затоа и не е чудно што многу биле изненадени, кога познатата адвокатка за човекови права, ја виделе во необично издание.

На неофицијална вечера во еден познат њујоршки ресторан, триесетиседум годишната сопруга на Џорџ Клуни, го покажала стомакот, облечена во чупав топ кој го искомбинирала со панталони со висок струк со јаки и смели комбинации на бои.

Светските медиуми со одушевување ги дочекале овие фотографии и ја споредиле со многу помладата пеачка Ријана, која е позната по екстравагантниот моден стил.


Наспроти тоа, што во јавноста се појавувала во елегантни и софистицирани модни комбинации, црнокосата правничка, сепак не се плаши од модните провокации и оригинални парчиња на облека.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box