gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Билки со зашилени листови, може да ја блокираат негативната енергија, ако ги држите во аглите од просториите и покрај електронските апарати. За тоа се препорачуваат: палмите, алојата, дрвото на живот, кордилина....

Одредени билки, може да внесат позитивна енергија и хармонија во домот. Тоа се, пред се, оние билки кои изгледаат „доброчудно“, а тоа значи дека тие имаат заоблени, убави, меснати листови. На пример: циклама, љубичици, орхидеи, бегонија, гарденија, куќна среќа, фикус, кротон......

Собното цвеќе, најдобро е да стои на источна, јужна и југоисточна страна, посебно ако тука се наоѓа трепезарија, дневна соба, тераса или предсобје.

Иако бамбусот не е типична украсна билка во нашето поднебје, одличен избор е за нашата кујна и купатило, затоа што му е потребно многу влага. Ползавците (филадендрон, бршлен...) немаат заоблени листови, но заради својата форма ги ублажуваат острите линии на намештајот, полиците, прозорите и така го чуваат домот од лоши вибрации.

Најнегативна енергија емитува кактусот и би требало да се избегнува, исто така и вештачкото цвеќе. Свежи букети со цвеќе се ставаат на маса, во средина на просторијата, зашто познавачите на фенг шуи уредувањето, веруваат дека така го привлекуваат богатството. Секојдневно се менува водата и отстрануваат овенатите делови од цвеќето. Исклучок е само лавандата, која симболизира спокој, па може да се чува и осушена

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box