gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Со првоаприлскиот моден маскенбал во клубот „Станица 26“, вчера во Скопје започна 11. издание на Пролетниот Моден викенд Скопје.

Колекцијата на Росица Мршиќ, ќе го започне ревијалниот дел на оваа традиционална модна манифестација на 3-ти април во катната гаража „Солунски конгрес“, кое ќе биде и место на сите ревии во рамки на модниот викенд.

Манифестацијата која годинава ќе трае до 5-ти април, ќе продолжи со ревии на студентите од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ и изложба на професорите од истиот факултет наречена „Артерија-Антерија“.

Младите дизајнери Ивана Цветковска и Алмир Мили на презентацијата на своите колекции ќе ја поддржат и кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата - Сега!“ кон која годинава се приклучи и Моден викенд Скопје.

Ново име на модниот настан е Дејан Тодоровиќ, кој повеќе години се занимава со дизајн, но сезонава првпат ќе се претстави на Моден викенд Скопје.

На изданието за пролет/лето 2015 ќе бидат презентирани најновите колекции на модните куќи „Линеа“ и „Хера“, а „Фешн Груп Македонија“ ќе презентира капсулна колекција маички дизајнирани во соработка со познатата македонска блогерка Јована Зука.

Во рамки на регионалната соработка на Скопскиот Моден викенд, Ирина Тошева  на 13 април ќе ја претстави својата колекција на модната недела во Љубљана. Годинава во Скопје повторно гостуваат реномираната дизајнерка Флутура Дедиња и модната куќа „Менакон“ од Косово, а првпат публиката ќе има можност да ги види креациите на една од најталентираните млади српски дизајнерки Јована Марковиќ, која освен во Србија своите креации ги продава и во Велика Британија и Москва.

Единаесеттото издание на Моден викенд Скопје ќе го затвори модниот перформанс на Олгица Ѓоргиева.
Инаку, во продолжение на Моден викенд кон средината на април ќе бидат презентирани моделите на „Mcouture by Mila Kadriu“ чија колекција потоа ќе биде презентирана и на Serbian Fashion Week од 20 до 26 истиот месец.
Во рамките на едукативната програма од 27 до 29 март во компанијата за едукација и поддршка на млади таленти NewMan's Business Accelerator во Скопје се одржа работилница на тема „Развој на моден бизнис“ под менторство на Жан Бутон.

На 30 март, пак, на Скопски саем во рамките на бизнис програмата на Моден викенд основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон одржа предавање и менторски сесии. На настанот освен модни дизајнери присуствуваа и претставници на македонски фабрики- членки на Текстилниот кластер Македонија.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box