gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Џорџ Р.Р. Мартин моментно работи на нова серија за Ејџ-Би-Оу (HBO) наречена „Капетан Космос“, што ќе говори за животот на млад автор на научно-фанстастични романи, кој живее во 1949 година.

Како што објави „Холивуд Репортер“, се уште неименуваниот лик во серијата ќе пишува романи кои „никој не се осмелил да ги напише“ во тоа време.

Серијата е во најраната фаза на развој, а сценариото на пилот епизодата го напиша Мајкл Касут.
Ваквата најава предизвика загриженост околу тоа колку работата на оваа серија ќе остави му простор на Мартин да работи на продолжението на серијалот книги „Песна за огнот и мразот“.

Тој се обиде да ја смири ваквата загриженост, наведувајќи дека новата серија „не би требало да му одземе многу време“.

Мартин веќе најави дека ќе го намали појавувањето во јавноста за да може да се сконцентрира на пишувањето на шестото продолжение на популарната книга. Тој рече дека е решен новата книга „Ветровите во зима“ да ја заврши до следната година.

Инаку, деновиве треба да почне да се емитува петтата сезона на телевизиската серија „Игра на престолте“, работена според истоимената прва книга од серијалот „Песна за огнот и мразот“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode