gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Бијонсе, со години важи за модна икона, а дека е неприкосновена кралица на модниот стил го покажала во текот на шоуто „Chanel Metiers d`Art“ во Њујорк.

На прв поглед ги споила, неспоивите парчиња на облека и го „украла“ вниманието на фоторепортерите и присутните гледачи.

Триесет годишната поп звезда, покрај дождот и ладното време, облекла љубичаста мини сукња од кожа која ја спарила со ташничка во иста боја. Сивиот џемпер и јакната со плави и љубичасти детали целосно ги одушевила модните познавачи, а целиот „аутфит“ го потполнила со бели чизмички со дебела штикла во златна боја.

Модните познавачи, кажуваат дека со оваа лежерна комбинација, Бијонсе покажала како дамите можат да бидат гламурозни и шик без многу труд.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box