gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ако ова не е најдобриот шеф во светот, тогаш не знаеме кој е.

Великодушниот Кинез ги земал неговите 6.400 вработни на одмор во Франција и ги платил сите финансиски трошоци кои изнесувале околу 33 милиони евра.

Ли Јинјуан, милијардер и сопственк на мултинационалниот гигант Tiens Group, резервирал сместување во 140 хотели во Париз за повеќе од половина вработени кои работат во оваа компанија, а кои вкупно ги има 12.000.

Тие ги посетија историските знаменитости како Ајфеловата кула и музејот Лувр и патувале по Азурниот брег. Со воз патувале до брегот каде што претстојувале во околу 4.760 соби  со четири и пет ѕвездички во Монако и Кан.

На крајот на патувањето со кое прославија 20 години од постоење на компанијата, отпатувале во Ница каде со нивните тела формирале најдолга реченица во Гинисовата книга на рекорди пишувајќи „Tiens'dream is Nice in the Cote d'Azur“.

За нивно префрлување од хотелот до шеталиштето во Ница им биле потребни 147 автобуси, јави Индепендент.
Ова е најголемата група која некогаш ја посетила Франција, а сите финансиски трошоци за нивното патување се проценуваат на 33 милиони евра.

Ли Јинуан е 24. на листата на најбогати Кинези, а неговото богатство Форбс го проценува на 1,2 милијарда долари.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box