Напишано од Надица Сабота, 30 Мај 2015 10:01
Холивудската актерка Џулија Робертс во интервју за телевизијата „Екстра“, по гостувањето во шоуто на Дејвид Летерман, откри дека целосно е фасцинирана од сопругата на нејзиниот пријател Џорџ Клуни, Амал.
- Ние заедно бевме на вечера и веднаш штом ја запознам бев воодушевена. Многу сум задоволна со неговиот избор, поточно, фасцинирана. Се вљубив во неа, рече 47-годишната оскаровка за 37-годишната британска адвокатка, која минатата година стана госпоѓа Клуни.
Инаку, Џулија Робертс и Џорџ Клуни се долгогодишни пријатели, заедно глумеа во неколку филмови, а последниот заеднички проект на кој соработувале е филмот „Monster Money“ чие снимање заврши неодамна.