gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Награден конкурс „Напиши љубов во 140 карактери“ наменет за корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ денеска објавија организаторите на поетската манифестација „Рацинови средби“ 2015.

- Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста, ширењето љубов и промоција и афирмација на љубовната поезија на Рацин на официјалниот твитер профил на манифестацијата @racinovisredbi. Бидете креативни, ширете љубов и твитајте ги вашите љубовни пораки на македонски јазик, со кирилично писмо и хаштаг #pc, велат организаторите.

За најубавата твитер љубовна порака предвидена е вредна награда која ќе биде доделена на свеченото отворање на „Рациновите средби“ на 11 јуни.

Според Здружението на граѓани „ФАД СТОБИ“, организатор на културната манифестација „Рацинови средби“, конкурсот ќе трае до 7 јуни 2015 година.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box