gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Американката Хариет Томпсон ги истрача сите 42,195 километри од маратонот во Сан Диего за време од седум часа, 24 минути и 36 секунди.

Ваквата информација сама по себе не ни била никакво чудо ако се занемари фактот дека Томпсон на денот на маратонот бил стара 92 години и 65 дена, со што стана највозрасната жена во светот што истрчала една маратонска трка.

Заедно со неа на маратонот трчал и нејзиниот 56-годишен син Брени Томпсон.
- Не можам да поверувам дека успеав. Имав голема криза по 30-от километри, но некако издржав, изјави Томпсон, која досега учествувала во 15 маратони.

Таа вели дека некои можеби ваквиот подвиг на нејзина возраст го сметаат за лудост, но тоа, според неа, е доказ оти годините не се никаква пречка ако нешто се сака да се направи.
- Ќе се обидам да трчам и следната година, додава Томпсон.

Досега најстара жена учесник на цела маратонска трка беше Гледис Барил, која истрчала маратон на Хаваите кога имала 92 години и 19 дена.
Најстар маратонец пак е Индицот Фауџа Синг, кој во 2011 година го истрачал маратонот во Торонто на возраст од сто години.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box