gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Третиот  „Скопје стрит фестивал“ годинава ќе се оддржи на 5 и 6 јуни во Градскиот парк во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Подиум Скопје“.

Андерграунд легендата од Лондон ЛТЏ Букем, српската рап хит-машина „Бед копи“, македонскиот диџеј Гоце САФ и домашното инди-поп трио „Џун“ се дел од изведувачите кои ќе настапат на фестивалот.

Во Градскиот парк ќе бидат поставени шест бини, а влезот за сите настани ќе биде отворен. Публиката ќе може да проследи повеќе концерти и натпревари и да учествува во работилници.

- „Скопје стрит фестивал“ праќа порака на обединетост и има за цел да ги оттргне младите од наметнатото секојдневие кое ги задушува, како и да ги повика во Градскиот парк на забава и едукација. Креативните работилници се уште еден сегмент кој го прави овој фестивал поразличен од останатите.

Тие се отворени и се креирани токму од секојдневната инспирација која доаѓа од улицата. Ќе има брејкденс работилница, „Дојди на Цустом патика“, мултикулти-работилница и тоа се само дел од интерактивните работилници на фестивалот, истакнаа организаторите од „Подиум Скопје“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box